На 24 септември, тимот на BAIC Македонија – CILAZ присуствуваше на свечениот прием организиран по повод 77-годишнината од основањето на Народна Република Кина, како и одбележувањето на Празникот на средината на есента.
Настанот беше прекрасна можност за средба со бројни претставници од деловниот, дипломатскиот и општествениот живот, како и за зацврстување на пријателските и деловните врски меѓу Македонија и Кина.
За нас во BAIC Македонија, присуството на вакви настани претставува особена чест и уште една потврда на нашата посветеност кон градење долгорочни партнерства, меѓусебна соработка и успешно претставување на брендот BAIC на македонскиот пазар.
Им благодариме на домаќините за поканата и за прекрасната вечер исполнета со пријатни средби, култура и заедништво..








